0
Vašata košnička

Горсен козметика со потпис на природата

Избрана колекција

Што се крие зад козметиката со потпис на природата?

Дали би сакале, некој да успее да ги собере и да ги соедини најквалитетните природни органски састојки од различни деови на светот и од нив да направи врвна, свежа, природна козметика за нега, и тоа токму според потребите на Вашето лице, тело и коса? Да? Тогаш Вие сте го откриле Горсен. Горсен козметика, внимателно создавана од самиот почеток до крајот, со нежните женски раце на нашиот тим, од уште ненабрани растениа и чисто, ладно цедено органско масло, со производи со податлива текстура, кои Ве освојуват уште при првиот допир.

Нашите сертификати се наш квалитет!

 srcset=
COSMOS
 srcset=
ISO 22000:2018
 srcset=
ISO 9001:2015
 srcset=
ISO 22716:2018

Што нè разликува од останатите?

Нашата посебност е во нашите големи соништа, а нашата желба е едноставна – да му се претстави на светот една исклучителна палета на природни и органски козметички производи за нега на кожа и коса. 

Нашите производи ги надминаа сите рамки на видливото во светот на козметиката на нашите простори и ги поврзуваат луѓето и состојките далеку надвор од границите на Босна и Херцеговина. Инспирирана од природата и внимателно избраните состојки, како што се органските етерични масла од различни делови на светот, од Северна Африка, Непал, Австралија, Мадагаскар, Уганда, Јужна Америка, Доминиканската Република, па сè до земјите на Медитеранот, како и од внимателно избраните и со големо внимание третирани растенија, почнувајќи од семките од грозје, плодот на дива ружа, калинката, брокулата, камилицата, авокадото, па и до оние многу ретките, скоро недостижни, како што е маслото од органските семки од див морков и сапота, со малку фантазија, а многу храброст, многу знаење и љубов, во контролирани услови, на адреса во Херцеговина, креирана во нешто драгоцено, а сега достапно за Вас.

Нашата цел е едноставна: да Ви се пружи исклучителна палета на природни и органски козметички производи за нега на кожа и коса

Горди сме што токму Горсен, верувајќи во квалитетот и извонредноста на своите производи, први на подрачјето на Босна и Херцеговина се впушти во авантура и сите свои производи ги упати на сертифицирање во најпознатата и најпризнатата светска сертификациска куќа – Ecocert.

Производите се одобрени од Ecocert Greenlife, и се во согласност со стандардот Cosmos, кој е глобален лидер во сертифицирање на природна и органска козметика и суровини. Со примена и спроведување на стандардите CosmosISOGMP, го обединивме козметичкиот сектор со цел да се постигне долгорочна одржливост. Сите суровини и производи се проверени низ сите релевантни аспекти, од набавка до дистрибуција, вклучувајќи еколошки прифатливи производни процеси, избегнување на ГМО и забранети супстанции и суровини тестирани на животни.

Горсен се одлучи да гарантира потполна сигурност по пат на обезбедување сертификат за органско и природно производство, каде се котролира сè, од пакување, до состојки, кои мора да бидат добиени под одредени услови и производна постапка, но и да се произведат производи кои се формулирани од премиум состојки на најодржлив можен начин. 

Во што порасна нашата идеја?

Нашата идеја беше да се соединат мирисите, аромите и богатството на природата, проткаени со работата и трудот на луѓе од различни генерации, од различни делови на светот и истите да се преточат во шишенца и кутии кои ќе бидат достапни до сите.

Денес, кога ги живееме нашите соништа, горди сме на тоа што можеме да Ви понудиме пет линии на природна козметика кои можете да ги вдишете и така да патувате низ светот, да го нахраните вашето тело со луксузот на сите благодети на природните тајни на Земјата и да уживате во допирот на емулзијата во Вашите раце.

Лековитите и регенеративните ефекти на растителните и етерични масла, кои се користени во богатите формулации, вклучувајќи ги нивните интензивни, а истовремено природни мириси, се во фокусот на нашите производи.

Сè посвесни за важноста на изборот на производите кои ги ставаме на нашата кожа, користиме драгоцени суровини, како што се кератин, витамин Е, како и природниот антиоксиданс на рузмаринот како состојка со високи перформанси, за да ја зголемиме ефикасноста на етеричните масла.

До крај автентични и оригинални, создадовме богати комбинации на состојки наменети за сите типови на кожа без несовршености, за нежна и хидратизирана кожа, која им пркоси на годините и брчките, ветерот и студенилото, шминката и нечистотиите, како и оние за коса, користејќи ја моќта на маслата кои делотворно ја обновуваат косата и така ја решаваат грижата на сите жени.

Линија „Diamond”

Без оглед колку години имате, можеби мислите дека „anti-age“, негата против стареење на кожата звучи како нешто наменето за многу постари од Вас, но вистината е дека колку порано започнете да се грижите за Вашата кожа, толку е подобро.

Богатата композиција на органски растителни масла на макадамија, папаја, плод на дива ружа, калинка, авокадо, лисичинка, ориз и киви, во хармонија со органските етерични масла на лаванда, палмароса и смиљ, како и витаминот Е, прават уникатна низа во составот на нашата линија „Diamond“ која ѝ пружа на зрелата кожа сè што ѝ е потребно. Жолто-кафеаво до портокалово, вискозното скапоцено масло од див морков, со сладок и остар мирис, ја збогатува нашата линија „Diamond“, наменета за зрела кожа, на која ѝ е потребна силна регенерација,  еластичност и мекост.

Зошто е избрано токму масло кое е истиснато од ситни и суви семки на белите главици на дивиот морков, и зошто толку го сакаме? Ова масло е апсолутен победник кога се во прашање ефектите против стареењето, а во комбинација со витамин Е, помага во измазнување на линии и лузни.

Линијата составена од „anti-age“ кремот и „anti-age“ серумот ги ублажува знаците на стареењето, недостатокот на сјај, губењето на еластичност, го воедначуваат тенот и ја хидратизираат и измазнуваат кожата, правејќи ја поблескава.

Линија „Touch of nature

Без оглед на Вашата постоечка рутина за нега на кожа, производите на оваа наша линија ќе можат да се вклопат без проблем во неа. Линијата „Touch of nature“, зад своето име крие допир на природата преку капките на растителните масла од кајсија, макадамија, авокадо, ориз, арган, маслинка…. Лесната текстура е збогатена со подмладувачки капки на органските етерични масла од смиљ-златниот цвет кој расте на камен, германската камилица, француската лаванда, која се одгледува на висока надморска височина, што ѝ дава свежа, слатка, мека и цветна арома.

Ова линија се состои од дневен и ноќен крем, пилинг, серум и крем против акни. Со свиленкаста текстура и нежен мирис, кремовите длабоко го навлажнуваат и хидратизираат секој тип на кожа, пилингот со зрнца од маслинка длабоко и ефикасно ја чисти кожата, кремот за акни го регулира лачењето на себумот, делува против постоечките акни и спречува создавање на нови неправилности на кожата, а серумот е извонреден начин кожата да стане сјајна и еластична. Сите производи од оваа линија се создавани од состојки кои лесно се впиваат во кожата и ја исхрануваат, па таа станува мека и мазна.

Линија „Glossy

Линијата „Glossy“ ја сочинуваат маски, шампони и серуми кои се наменети за нега на коса, од коренот, до врвовите. Маските за коса Горсен, содржат кератин, органски растителни масла од брокула, арган, сапора, папаја, мурмуру путер и многу други состојки. На косата ѝ даваат свиленкаста мекост и еластичност и ја исхрануваат кожата на скалпот. Семето од папаја содржи масло богато со масни киселини, витамини А и С, и природен ензим од папаја, кој чисти, дава природен сјај и ја омекнува текстурата на косата и кожата. Нашето семе од папаја расте во Централна Америка.

Богатата формула дополнително е збогатена со капки органско есенцијално масло од гераниум, кои ја балансираат состојбата на скалпот и ѝ даваат волшебен мирис на косата, а серумот за коса е дизанјиран да го подобри здравјето на косата. Серумот содржи органски растителни масла од брокула, арган, макадамија, сапота и кокос, како и органски етерични масла од гераниум и рузмарин. Совршено продира во структурата на косата, давајќи ѝ поголем волумен, густина и здрав изглед. Серумот е наменет за нега на нормална, сува и третирана коса.

Специјалните формули на шампоните „Gentle“ и „Detox“ се богати со екстракти од алое вера, краставица, ѓумбир и памук.

Линија „Fresh

Линијата „Fresh“ се состои од пена за чистење на лице и „Fresh skin“ серум за сите типови кожа. Органската пена темелно го чисти Вашето лице. Не ја суши кожата и има рН 5,5. После употребата на серумот „Fresh skin“, кожата станува забележливо хидрирана, со здрав сјај и зголемена еластичност, а ќе заборавите што значи дехидратација и чешање на кожата. Го наменивме за сите типови на кожа, затоа што на сите ќе им се допадне „хидро“- комбинацијата на алое и краставица.

Линија „Body essential

Линијата „Body essential“ е наменета за нега на Вашето тело и се состои од млеко за чистење на шминка, млеко за тело и крем за раце. Богатото хидратантно и хранливо Горсен млеко за тело, збогатено со органски растителни масла од кокос, авокадо, сончоглед, кајсија и јојоба, како и органските етерични масла од германска камилица, ги хранат, хидратизираат и заштитуваат сите типови на кожа.

Лесно се размачкува и длабоко се впива и ја остава кожата мирисна и мека. Млекото за чистење на лицето со сличен состав обезбедува моментално олеснување кај надразнета и кожа склона кон црвенило, со долготраен смирувачки ефект. Нежно ги отстранува нечистотиите и шминката и ја освежува, смирува и штити кожата. Во оваа линија се крие и Горсен кремот за раце, кој ја штити, смирува и лекува кожата на рацете и спречува создавање на заноктици.

Линија „ЗА ДЕЦА

Два новитети кои ја сочинуваат „златната колекција“ на Горсен, обвиткана со мекоста на памукот, со силното антиинфламаторно дејство на сината камилица и хидратацијата на алоето. Линијата наменета за деца е посебно нежна и неагресивна и е наменета дури и за најчувствителните типови на кожа.